Телевизија „Планета“ прослави 14 години постоење со феноменален концерт
Близу 10.000 луѓе се собраа минатата вечер за да го
прослават роденденот на познатата бугарска музичка телевизија „Планета“ во
Арена Арменец во бугарската престолнина Софија.
Најголемите имиња на "Пайнер" ги испеаја некои од нивните најголеми хитовите под придружба на Дани Милев-Бенд, а вратите на арената беа отворени за повеќето обожователи
уште во 17:30 часот. Овој пат по сосема
различен начин телевизијата по прослави роденденот, не емитувајќи го за прв пат
во живо својот концерт.
Силен старт на
концертот беше поставен од страна на Ивана и Трио Сопрано со народната песна “Облаче
ле, бяло”, а потоа на сцената се качија и Рајна, Јаница, Борис Дали, Емилија,
Галена, Джена, Татјана, Цветелина Јанева и многу други.
Но, Преслава стави крај на концертот -спектакл по повод 14-годишнината на телевизија "Планета". Пејачката на годината предизвика вистински бум меѓу гостите кои ги поздрави со “Моето слабо място”, “Дяволско желание” и “Лъжа е”. По тој повод таа изјави:
„Ви благодарим за
неверојатната вечер! Ме возбудивте! Ме направивте бескрајно среќна. Уште
еднаш ја почувствував љубовта и
топлината исполнувајќи ги песните со неверојатниот бенд на Дани Милев, се вратив назад во времето
пред 12 години, кога немав ништо, освен глас и желба да пеам, да правам своја
музика. Сега, 12 години подоцна ја имам вашата љубов и таа ми е доволна! Вие
сте мојата муза, мојот поттик да продолжам да создавам! Дали е јасно !? Ве
сакам!“.
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Alex Cooper Photography и Георги Малев
No comments