Header Ads

Ивана со нов албум „Не давам да се даваме“

Од денес на музичкиот пазар е новиот албум на бугарската ѕвезда на „Пајнер“ Ивана – “Не давам да се даваме“.

Мегаѕвездата во него има вклучено 13 песни и 4 инструментали. Водечка песна во албумот е песната „ Ало, мамо“ која допре до срцата на сите кои живеат далеку од својата родна земја и со нејзината појава пред извесно време предизвика многубројни позитивни реакции.. Две од деветте нови композиции на албумот - "9 години" и " Жал ми е, дъще", се поврзани во тракиско оро. Во албумот Ивана има вклучено и три познати песни- “Отворете си сърцата”, “Усмихни се” и “Не давам да се даваме”. 
Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.