Header Ads

Преслава: Ќе ми недостигаат учесниците од VIP Brother

Преслава ja напушти куќата на VIP Brother по сопствена желба. Пејачката изјави дека не можела  да се усогласи со сите правила на емисијата, а особено тешко минатата вечер и паднало тоа што морала да номинира некој да го напушти  шоуто, а тоа не можела да го направи бидејќи со сите била во одлични односи.

Пред Ники Канчев таа призна дека за неа VIP Brother била една одлична емоција. За свој фаворит пејачката го посочи Гамов, бидејќи од сите учесници таму тој и се допаднал најмногу и според неа заслужува да ја однесе победата. Со ваквото  излегување од куќата Преслава ги изненади нејзините фанови кои очекуваа таа да биде победник, но сепак ја почитуваат нејзината одлука споделувајќи дека им недостигала додека била внатре.

Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.