Header Ads

(Видео) Адел направи моќно враќање на сцената со „Hello"

Кога познатата британска пејачка Адел после четири години реши да се врати на музичката сцена, започна да руши рекорди со својата најнова песна „Hello”.

Видеото за само 24 часа доби рекордни 27,7 милиони прегледувања на Vevo, a за четири дена има веќе над 100 милиони прегледи. Претходно рекордот го држеше Тејлор Свифт, која со видеозаписот за „Bad Blood“ имаше 20,1 милиони прегледувања за едно деноноќие. Ова е прв сингл од новиот албум на 27-годишната ѕвезда, „25“, кој ќе биде пуштен во продажба на 20 ноември, а кој со сигурност ќе биде претставен со голем концерт на кој ќе бидат претставени сите песни од него, а кој со нетрпение се очекува да излезе на музичкиот пазар кој ако биде толку добар како што е најновиот сингл нема сомнение дека ќе руши рекордни продажби во музичката индустрија.
Автор: Наташа Секуловска


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.