Header Ads

(Видео) Джена со нов хит! Слушнете го “Ти къде беше”

Факт е најновиот музички проект на бугарската ѕвезда Джена - “Ти къде беше”. Песната и видеото успеjа да ја импресионираат публиката уште во првите минути, откако беа официјално претставени во каналот на Планета Тв во YouTube како и по Планета ТВ.

Автор на неверојатниот текст е Борислава Валентинова, музиката е на самата пејачка, додека пак за аранжманот се погрижи  Пламен Петров од Оркестар  "Кристали".

“Ти къде беше” е почетокот на едно ветување што ви го дадов уште во текот на летото - дека ќе продолжам да правам убави песни, но и дека сакам промена. Ова е една песна, која е приказна за грешките кои ги правиме од љубов. Песна за срцето, кое секогаш ги  толерира тешките удари на страста, која често пати  ни ги заматува нашите умови и не носи кон опасни стапици. Срцето како тампон на целата наша емоција. Срцето како најдобар верен пријател, бидејќи само тоа преку ударите, ни ја покажува вистината и нè води во вистинската насока. Ова е песна за моментите со кои го повредуваме срцето и одбиваме да го слушаме неговиот ритам“ –сподели Джена.
Спотот е снимен кон крајот на септември, неколку дена пред пејачката да замине на краткиот одмор во Дубаи и тоа во куќата на еден од најголемите бугарски оперски пејачи на сите времиња Николај Гауров.
Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.