Header Ads

Глорија со спектакуларен концерт по повод 20 години музичка кариера

Пред неколку дена бугарската ѕвезда Глорија одржа спектакуларен концерт во Сала 1 на НДК во Софија. Салата едвај успеа да ги собере сите фанови на пејачката кои беа дојдени од целиот свет за да присуствуваат на спектакуларниот концерт . По тој повод Глорија ги искажа своите благодарности до сите што беа до неа во овој незаборавен ден.

Огромно благодарам на сите кои учествуваа во мојот концерт-спектакл. Тој ден бев најсреќната жена. Благодарам колеги што пеевте со  мене и се раздадовте за нашите фанови. Благодарам на Дани Милев Бенд за професионалноста, на Гамзата, на неверојатните  танчери од формација Етноритам, балет Fame – Ве сакам!“
Концертот траеше цели три часа, а на сцената се редеа најголемите хитови во 20-та музичката кариера на ѕвездата. Покрај многубројните обожаватели, дојдени да го прослават овој посебен ден со Глорија беа и многу нејзини колеги, меѓу кои Емилија, Галена, Нелина, Соња Немска, Магда, Азис, Тони Дачева.

Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.