Header Ads

Новиот албум на Галена со дуетни песни веќе е факт

Најновиот музички албум на Галена – КойGalena веќе е факт на музичкиот пазар. Тој содржи 10 песни, а се вклучени покрај нејзините дуети со бугарските колеги, така  и меѓународните.

"Во последните години имав среќа да создадам голем број проекти со колеги од Бугарија и странство и сметам дека е редно да ги соберам во посебен албум, и  на тој начин да ја изразам својата огромна благодарност до сите пејачи и автори, со кои сме работеле во овие соработки и истовремено со тоа се надевам да ги израдувам своите обожаватели, бидејќи поминаа скоро 4 години од "Аз". Во КОЙGALENA ќе најдете 10 дуетни песни - 9 од нив веќе ги знаете и сакате, а 10-тата е нашето мало изненадување со Преслава,  за кое се надевам дека ќе ги освои вашите симпатии "- сподели пејачката во официјалната фејсбук страница.
Галена како и секогаш успева да ги изненади нејзините верни фановите, но овој пат и со провокативна фотосесија, која тие ја оценија како најдобрата досега од неа, а ние ексклузивно ви претставуваме неколку кадри од неа.



Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.