Интервју: Фики-„Првиот мој албум ќе излезе оваа есен“
Новиот месец го
започнуваме со ново интервју, а гостин ни е бугарскиот пејач Фики. Идолот на
многу луѓе, кој после само една година на музичката сцена успеа да ја добие
титулата „Пејач на 2014 година“, ексклузивно за нас споделува дека дуетните песни со Галена и со татко му Тони Стораро
успеаа да го истрелаат младиот талент меѓу најкоментираните изведувачи во попфолк.
Самиот тој признава дека одамна е избрал музиката за своја професија и верува
дека со време ќе успее да ги постигне своите цели. Што уште споделува ќе може
да научите од интервјуто...
Фики, прво да ти се
заблагодарам што ја прифати поканата да бидеш мој гостин. Ова ли е твое прво
интервју за македонски сајт?
- Јас
благодарам за поканата. Да, ова е првото мое интервју за македонски сајт.
Многу малку си на
сцената, а веќе имаш успешна кариера.
Дури успеа да ја земеш наградата за Пејач на годината само после една
помината година во фирма Пайнер. Како се чувствуваше во тој момент?
- Чувството
е неопишливо, тоа треба да се почувствува за да се разбере. Но, со
сигурност е многу убаво. Како и тоа,
кога ќе се качам на сцената и сите го изговараат моето име и ги пејат со мене
моите песни. Тоа е емоција, која малку професии можат да ти ја дадат. Затоа сум
среќен, дека се занимавам со музика и дека луѓето ме сакаат.
Како ја избра песната со
која на сцената се претстави како
самостоен пејач „Беше обич”
во месец мај минатата година?
- Композиторот
Даниел Ганев ми ја предложи и мене многу ми се допадна.
Пееш прекрасно народна
музика. Дали би направил таква песна, а
зошто не и албум?
- Веќе
имам две запишани народни песни – „Зајди,зајди” и „Јано,мори”. Сметам за во
иднина да запишам повеќе, затоа што го сакам фолклорот и ми е пријатно да го
исполнувам. Така да, еден ден сигурно ќе
се соберат и за албум.
Имено, а што се случи со
попфолк албумот кој што го подготвуваше? Има ли шанса да излезе оваа година?
-
Да,
првиот мој албум ќе биде факт оваа есен.
Дуетот со Галена „Кой” беше решавачки за твојата кариера. Како се случи точно со неа да запишете дует?
- По
нејзина иницијатива. Благодарен и сум
што го виде потенцијалот во мене пред сите останати колеги и ме покани да го
направиме тој проект, кој освен што се покажа решавачки за мојата кариера,
сметам дека ќе остане и во времето, бидејќи е вредносен и се претвори во вистински хит.
Зошто отиде во фирма Пайнер,
а не во компанијата Diapason Records во која што е татко ти –
пејачот Тони Стораро?
- Покрај
дуетот, Галена ме запозна и со г-н Митко Димитров. Тој исто така го забележа мојот талент и ми
предложи да бидам исполнител на фирма „Пайнер”.
Ми предложи услови за договор
коишто целосно ме задоволуваа, освен тоа ми направи добар впечаток и
начинот по којшто се случува се толку брзо, сериозно и професионално. Задоволен сум од изборот којшто го
направив и од работата со музичката
компанија.
Задоволен ли си од
успехот на песната „Бум”
која излезе пред некоја седмица?
- Да, задоволен сум. Освен што сите ја пеат со менe по време на моите настапи, доста често коментарите и пораките на моите
обожователи во Facebook
започнуваат со „Бум,леле-леле”. Тоа ме радува и се забавувам. А,
покрај дуетот со Азис се појави и фразата „Ќе ја блокираме ли оваа или онаа
дискотека”...
Каде е снимен спотот?
- Во
Маронеја, Грција.
Какви нови проекти
подготвуваш за оваа година?
- Освен
дуетот со Азис кој го пуштивме скоро, подготвувам и неколку самостојни песни
коишто ќе влезат во мојот прв албум.
Се докажа дека баладите
добро ти лежат. Именно, „Душа” излезе пред извесно време, а твоите обожователи не
престанаа со коментари дека е супер. Да
очекуваат во иднина повеќе такви песни од тебе?
- Повеќе
не знам дали ќе се, имајќи предвид дека по клубовите ги вртат повеќе брзите
песни, но со сигурност ќе правам уште балади во иднина.
Кој се грижи за твојот
стајлинг? Твоите обожователки коментираат
често колку си убав и дека изгледаш доста модерно.
- Мојот
добар пријател и стилист Стојан Апостолов.
Кој од почетокот на
твојата кариера ти беше најголема подршка , а кој најголема критика?
- Моето
семејство се покажа како најголема подршка, а најголем критичар сум самиот јас.
Дали досега си
учествувал на концерт во Македонија , голем број од твоите колеги кариерата ја
започнаа точно од оваа страна. Исто така, тука имаш многу обожователки кои со
нетрпение те очекуваат да дојдеш.
- На
концерт – не, но сум бил на настап во Македонија и ќе се радувам повторно да
дојдам , за да се сретнам во живо со моите обожователки и обожователи.
За крај, ти посакувам се
најубаво, многу убави песни, љубов, среќа и се разбира престојна средба во
Македонија.
- Благодарам!
Се најубаво и поздрав за вас во Македонија! Ви посакувам здравје, љубов и едно прекрасно лето!
Интервју: Наташа Секуловска
No comments