„Аматьорка“ на Преслава е новиот Летен Хит на Балканот
Хрватскиот сајт Folk Estrada пред еден месец започна
анкета за избор на Летен Хит, во која беа вклучени 52 изведувачи од целиот
Балкан, меѓу кои и Џесика Палашоска и Влатко Лозановски-Лозано од Македонија.
Според гласовите публиката ја избра песната „Аматьорка“
на бугарската пејачка Преслава за Летен хит на 2015 година на Балканот, која
победи со вкупно 1,646 гласови, додека
пак второто место и припадна на ДесиСлава, а на третото се најде нашиот пејач
Влатко Лозановски – Лозано кој полека, но сигурно ја освојува и хрватската
публика.
Како и секогаш битката за првото место беше до самиот
крај неизвесна, но Преслава заслужено ја однесе победата според хрватскиот сајт
изјавувајќи дека песната е најслушана низ нивните дискотеки ова лето.
Автор: Наташа Секуловска
No comments