Header Ads

Глорија одржа неверојатен концерт во Кавадарци

Бугарската дива Глорија во саботата одржа неверојатен концерт во Кавадарци. Многубројна публика се собра во Night Club ''Al Pacino'', каде што пејачката беше специјален гостин и уште еднаш докажа дека неслучајно е изведувач, чие име е синоним на перфекционизам во секој поглед.

Ѕвездата на музичката компанија "Пайнер" имаше подготвено специјален музички репертоар за публиката, кој ги вклучуваше освен нејзините најголеми музички хитови, како и многубројни македонски народни песни. Глорија продолжува со своите концертни настапи, но паралелно со тоа сериозно се подготвува и за  својот јубилеен концерт, кој ќе се одржи на 30 септември во Сала 1 на НДК во Софија.

Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.