"Selfie" е насловот на новата песна на Роксана
Бугарската пејачка Роксана е готова со нова песна „Selfie“.
"СЕЛФИ" е авторска песна по музика и аранжман на еден од
најдобрите композитори во поп-фолк жанрот Јорданчо Василковски-Оцко. За прв пат
работам со него и сум страшно задоволна од крајниот резултат. За текстот уште
еднаш го оставив во рацете на жената хит - Мариета Ангелова, која напиша
нешто одлично за мене. Текстот е весел и шеговит, но носи и порака особено кон
нежната половина од човештвото ", - изјави таа .
Пред неколку дена Роксана сними и видеоспот на
новата песна со режисерот Јордан Петков. За место на
сликите изведувачката и тимот го избраа прекрасниот град на реката Дунав
- Русе во Бугарија. Во кадрите се вклучија и многу од обожавателите на
ѕвездата, а таа открива дека за време на снимањето имало многу емоции, шеги и
расположение. Исто така пејачката е готова покрај со оваа песна, како и со уште
една песна која е дело на Венислав Драганински – автор на
нејзиниот хит „Ще го понеса“.
Автор: Наташа Секуловска
No comments