Header Ads

(Интервју) Емилија - „Кога нешто е заслужено, сакам да биде оценето“


Емилија, една од најпознатите бугарски пејачки даде интервју за нас, во кое ќе откриете многу интересни детали околу нејзината кариера, личниот живот, пријателите, наградите... На кој автор ќе биде нејзината нова песна, дали има покана за турнеја низ Австралија и Америка и уште многу други интересни работи, само доколку го прочитате интервјуто.

Емилија, долги години сте на музичката сцена и веќе сте една од најпознатите во Бугарија. Дали е тешко во денешно време да бидете јавна личност, со оглед на тоа дека сте мајка на едно прекрасно момче и имате околу него голем број обврски?
Во принцип е тешко да живееш во Бугарија. Од една страна професијата ни е тешка, но во суштина најмногу тешко е да се биде родител. Секој се труди да даде по 100 проценти  за најдоброто на своето дете. Покрај тоа се знае дека тоа никогаш не е доволно. Кај нас е тешко да си јавна личност и поради коментарите во жолтите медиуми. Лично јас често сум „гумата за џвакање“ по нивните страници. Кога ќе ти прикачат некоја етикета потоа е многу тешко да се промениш или да одиш во друга насока. Но, како што постојат луѓе кои не те сакаат, така има и луѓе кои многу те сакаат. И тешко, и лесно е.

На што се сеќавате од почетокот на  вашата кариера, кажете ни некој интересен момент од тој период, некој интересна работа на сцената или во видео?
Во видеата најчесто има тешки моменти кај организацијата, имам во предвид кога времето не е со нас, кога е многу студено. Работиш со многу луѓе, а работата со многу луѓе си носи свои ризици. Различни луѓе, различни карактери, на секој треба да му угодиш и најважно е резултатот да се добие така како што сакал режисерот, односно целиот тим. Понекогаш не се добиваат работите по најдобар начин и професионализмот во овој случај ни помага. Од друга страна, кога си на сцената секогаш има ризици нешто да се случи. Секогаш може да се сопнеш, да паднеш, да ти се скрши обувката или прерамката ... сè ми се случило во текот на овие години. Го прифаќам тоа сосема нормално, бидејќи нема изведувач кој да бил десет години на сцената и да не му се случувале слични работи, едноставно е неизбежно.

Имено, пред извесно време откривте дека сте силно приврзани кон својата професија и колку и да се чувствувате изморена од многу настапи, не би се откажале од нив.
Да, еден еден би пеела независно од големината на хонорарот. Толку многу се имам веќе навикнато на својата работа, на својот тим, кој се формирал околу мене со годините. Пријателства.Тие се создаваат случајно. Едноставно си се допаднуваш со некои луѓе. Со некои имаш само професионални ангажмани. Ќе ми биде тешко еден ден ако се заврши, вака или онака секој се надева подолго да се задржи во својата работа. Не ми се мисли и не би си го замислила животот без моите настапи, без песните, без бугарските журки, без бугарските ноќни клубови. Признавам дека ќе ми недостигаат многу...
Дали мислите дека поп-фолк се промени и со тоа ги  промени односите помеѓу вас изведувачите? Порано бевте ли посложни и обединети?
Да, така е, но мислам дека причината не е во поп-фолк дека се менува. Напротив. Почнавме многу мали:17,18,19 години, бевме премногу млади зелени, бујни, „скокнувавме на сè“. Мислам дека секоја една младост ги поседува овие квалитети - да се „палиш “од сè, да бидеш слатко луд, воопшто сите црти на младоста и сите квалитети на младоста. Сега веќе сме пораснале-жени. Самиот живот по инерција те тера да го гледаш семејството, да си ги гледаш децата. Да посветиш поголемо внимание на своите најблиски, затоа што оценуваш дека семејството е најважно и не те остава на крајот. Бидејќи секоја суета, сè е до самото време и во еден момент се испарува. Семејството е она што треба да го пазиш  и што треба да остане со тебе. Затоа мислам дека се одалечивме малку, но тоа е нормално.

Дали се согласувате со Ивана дека наградите многу се променија во последните години и се даваат по принципот "за секој по нешто"?
Жално е што многу се зборува на оваа тема и тоа по овој начин. Мислам дека има разлика од претходните години. Кога бев  млада пејачка се надевав, како секој што се надева како помлад изведувач, тогаш гледаш во една друга насока. Сега, сепак кога сме пораснале, веќе знаеме работите на каков начин се случуваат сметам дека многу колеги се запоставени на сметка на други колеги, ги имам во предвид поамбициозните колеги, кои  по секоја цена сакаат да земаат награда и да ја имаат во рацете, без разлика каква. Сеедно се бориме и едвај не тоа е смислата на животот. Не мислам дека една награда, кога не ја заслужуваш е толку вредна. Јас сакам, барем за мене работите да се случуваат природно. Кога нешто е заслужено - сакам да биде оценето, но не и по секоја цена. Не би газела и не би игнорирала други колеги, ако гледам дека тие заслужуваат, бидејќи тоа се награди поврзани со таа година, бидејќи секоја година има награди. Сакам да прецизирам (дека наградите се доделуваат за годината која е измината). Па многу често лежиме на стари ларви, се дава на големото име или на име кое цела година ништо суштинско не направило, а во исто време не се оценува постигнатото во предметната година.
Споделивте дека работата на народниот албум ви одзела доста време. Дали се знае точниот датум кога ќе излезе?
Народниот мој албум ќе излезе кон крајот на месец март. Сакам да снимам 2-3 од песните кои сум вклучени во него како видеа, а сакам тоа да се случи во пролет. Сакам истовремено да го пуштам албумот и тие видеа како реклама за него.

Ќе ги вклучите ли прекрасните песни "От горна махала момите" и "Молитва за децата на България" во тој албум ?
Песната "От горна махала момите" остана за албумот на Красимир Христов "На трпеза", бидејќи песните се поврзани во гроздови и нема како да се разделат. Сум направила доста самостојни  песни кои не треба да се запоставаат. Другата песна "Молитва за децата на България" е вклучена во албумот. Јас реков дека ќе си ги соберам сите народни песни кои сум ги запишала во еден проект.

Пред доста време спомнавте дека сте порачале песна од Токича, отпадна ли песната  или едноставно не сте ја пуштиле?
Едноставно не сум имала потреба уште. Имам нова песна од Оцко, која многу време ја оставив на заден план и кога ќе почувствувам дека немам што да пуштам и ми треба навистина нешто, ќе продолжаат разговорите со Токича и ќе видиме до каде сме стигнале со ова негово ветување да ми направи песна. Јас имам голема желба да испеам песна на Токича.

Има ли песна за која жалите дека сте ја испеале и сметате дека била грешка?
Дури да жалам - не. Има песни кои не ми се допаѓаат како сум ги испеала на времето, кога мојот глас беше малку подетски, кога мојот глас едноставно звучеше на чуден начин. Инаку песни од кои да се срамам и текстови од кои да се срамам - не, немам. Искрено, немам вулгарни текстови.Напротив имам текстови за журки, исто така имам доста сериозни текстови, доста сериозни песни. Дури сериозните песни се повеќе во мојот репертоар.

Како и секоја година, така и минатата имавте доста успешни проекти кои редат низа успеси. Така ја пуштивте прекрасната песна со наслов " Без въпроси" .Ќе ни раскаже ли нешто малку повеќе за неа?
Оваа песна исто така стоеше во мојата архива одамна снимена. Многу пати сум ја слушала и само требаше да го почувствувам моментот кога да ја пуштам. Барем така јас проценив како и мојот тим, дека треба да ја пуштиме пред празниците. Мислам дека не згрешив. Сеуште не можам да кажам која од моите три песни ми се допаѓа повеќе, дали "Без въпроси", дали "Да бях от гадните" или "Кой ще му каже". Но според она што го прочитав, мислам дека моите обожаватели доста ја симпатизираат мојата нова песна. Видеото исто така стана доста интересено, сосема различено. Сакав да ги избегнам луксузните автомобили, скапите телефони. Сакав да покажам нешто нормално. Барем сега сум на таква фаза. Јас секогаш сум бил таков човек, дека не ги одобрувам премногу скапите видеа, секогаш сум се стремела кон нешто природно и нормално. На мене специјално ми се допаѓаат работите кои се од животот, обичните нешта, не дека луксузот не е дел од нашите животи. Но, не го одобрувам прикажувањето на работите кои ги имаш. Бугарија е сиромашна земја и не е добро да го правиш тоа. Ако бев пејачка во друга, побогата, поуредена држава, можеби немаше да имам ништо против да се снимам во луксуз. Но, сметам дека тоа не е во ред, барем не  во оваа фаза.

Песната  "Да бях от гадните" е тотален хит. Како се одлучивте да пуштите песна со таков текст?
Добив неколку варијанти на текстот, а по принцип сум човек кој брзо донесува одлука. Ги прочитав и трите варијанти на оваа песна. "Да бях от гадните" ми звучеше како една многу силна фраза. Се видов себеси во тоа, што го велат во она што ќе испеам. Се чувствував многу добро откако го испеав овој текст. Тоа си беше мојот текст. Текстот е на Росен Димитров, кој има напишано и многу други мои текстови. Сум кажувала и во други интервјуа дека овој човек ме почувствувал што би испеала, на кој начин сакам да се  изразам себеси и едноставно ме познава многу добро како човек и затоа успева така да достигне во мојата душа, и како да ми  затрепери нешто кога тој ми го испрати текстот по емаил.

Какви проекти подготвувате за оваа година, ќе ни откриете ли некои детали?
Тоа се двете песни, кои планирам да ги пуштам сега, бидејќи премногу долго стоеа  на стенд бај. Треба да си изберам текст, затоа што  не сакам да си го намалам нивото. Нема да правам никакви отстапувања. Но, секое нешто што го велам подлежи на промена. Во нашата работа промените стануваат од денес за утре, па не можам да бидам поконкретна, но сакам да ги пуштам овие две песни: на Оцко и " Втори дубъл". Потоа не знам каде ќе ме одведе лудилото на уметноста, бидејќи тоа е нормално за уметноста. Не знам со каква желба ќе се разбудам утре и што ќе ми текне, итн. Понекогаш сето тоа е многу спонтано...

Пред неколку месеци направивте деби во Москва заедно со Ави Бенеди. Како се случи токму вас да ви поканат, за да бидете гостинка таму?
Нас, бугарските изведувачи не не познаваат многу добро во Москва. Поканата беше за Ави, но тој го пуштил нашиот дует и кога го слушнале многу им се допаднал и ме поканија и мене, заедно со него. Пеевме на свадба во една голема сала во центарот на Москва. Со Ави подготвивме и посебен репретоар со песни на руски јазик, српски песни и др. Се подготвивме многу сериозно и се надевам дека сме оставиле добар впечаток.

Дали во програмата ви е вклученo наскоро да имате турнеја и во Австралија или САД. Многу ваши фанови кои живеаат таму немаат многу можност да ве видат и слушнат во живо.
За овие дестинации подготовката е посложена, бидејќи поради растојанијата престој е поголем. Во Австралија сум била само еднаш, летот ми дојде доста тежок, сепак си 24 часа во воздух. Па дури и да ме поканат пак, би се позамислила дали можам да го издржам тоа нешто и дали можам да издржам месец и повеќе без своето дете. Сега имаме и важна дилема - да се избере училиште за Иван. Би одела во САД  на бугарска турнеја би прифатила, но подоцна. Јас сум од пејачките кои не прекинале да работат. Ако си оделам време за одмор, тоа е максимум една недела, не повеќе. Само за Австралија би се двоумела за другите места - одам.

Дали планирате по повод 15 години на сцената, да направите еден голем самостоен концерт?
Нема да го обележувам јубилејот. Одамна сум престанала да бројам колку години станаа. Некои луѓе ми ги сметаат годините од 2001, други - од 1999 ... зависи од каде ќе погледнеш. Јас одамна сум престанала да ги бројам годините колку се занимавам со музика и колку веќе сум во "Пайнер". Не мислам дека се малку, но не се и многу. Мислам дека има уште што да развијам во себе, мислам дека има уште што да се научи. Не се чувствувам толку зрела пејачка и поминала низ сè па да одбележувам годишнини. Живот и здравје, кога ќе станат едни убави години, на пример 25-30 можеби тогаш би се замислила за нешто посериозно и незаборавен настан за мене и за обожавателите ми.

Всушност сега поп музиката не е ли подем, вие какви набљудувања имате за тоа?
Поп песни, сум правела да. Мислам дека попфолк доста се доближува до современиот поп, со некои додатоци на етно елементи, на балкански елементи. Популарната музика веќе нема јасно изразен стил, барем јас така мислам. Сè е една убава смеса ... и кога аранжманот е убав, и кога пејачот е добар, и кога има добар глас мислам дека што и да изпееш - ќе им се допадне и ќе се направаат работите. Јас сум фан на многу поп изведувачи, ми допаѓаат многу песни, нема зошто да кријам и не мислам дека треба да има некакви непријателство меѓу нас. И кај нив има доста добри изведувачи, многу добри автори, но медиумите создаваат впечаток за напор и интриги меѓу нас. Нема такво нешто. Секој еден изведувач заслужува голема почит.

Откако се занимавате со музика, вашиот имиџ доживеа целосна трансформација. Дали ова е знак дека вие пејачките мора постојано да бидете различни?
Да. Еден уметник треба да биде различен да се менува во времето. Модата се менува, фризурите се менуваат, бојата на косата се менува ... Нормално секој треба да гледа што му оди, нели не секогаш работите се добиваат онака како што сакаш. И јас сум изгледала понекогаш смешно...и јас сум грешела во некои работи во својот изглед. Мислам дека тоа кај секој го има, мислам дека тоа се нормалните работи. Кога ќе изминеш еден  долг пат, нормално е да направиш и некои грешки, но се трудиме  грешките да се помалку. Сега особено има многу повеќе информации за светските модни диктатори. Располагаме со информации од интернет, телевизиски канали, списанија и сл. Неизбежно сме под влијание од светските трендови, било на фризура, во модата и др.

Со оглед на тоа дека сте рекламно лице на бугарската модна куќа Vincit за вашите настапи му се доверувате само на нивниот линија на облека или не?
Не сум следбеник на една марка. Со Весела  Тотева сме пријателки одамна, уште пред таа да ја создаде оваа модна марка. Со неа сме многу блиски, ги зачувавме односите во текот на годините. Популарноста не ни влијаеше. Таа е широко скромен човек и никогаш не ми поставуваше строги услови. Со неа се разбираме прекрасно. Со големо задоволство користам помош и за видеа или настапи, но кога ќе одлучам да работам со друг стилист сум слободна да го направам тоа.

Како реагирате кога за себе во медиумите ќе прочитате некоја лажна вест?

Ме лутат работите кои ги насочуваат луѓето негативно, бидејќи градиш, градиш некаков имиџ, имам во предвид се држиш посериозно, ги избираш текстовите, вооздржан си во опшеството, а во еден момент се појавува еден жолт весник, кој го расипува сето она кое цела година си го градел.  Кога ќе ти постават етикета, потоа е тешко да објаснуваш, тешко е да ги убедиш луѓето дека тоа не е точно. Затоа се нервирам, бидејќи ти си еден човек, а те прават некој сосема друг. 


Интервју: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.