„Нокаут“ на Преслава и Вања со над 200 000 прегледи само за една ноќ
Долгоочекуваниот дует на Преслава и Вања веќе е факт.
Потсетуваме дека песната „Нокаут“ е по музика на Даниел Ганев, текст на Мариета
Ангелова, а за видеото на првиот заеднички проект Вања и Преслава се доверија
на режисерот Николај Скерлев.
Двете ѕвезди на "Планета" се среќни од добриот прием на "Нокаут", бидејќи за 24 часа песната беше гледана 200 000
пати во официјалниот канал на телевизијата во YouTube. Споделуваат дека вложиле многу труд и емоции
во неговото создавање и се надеваат дека песната ќе стане еден од хитовите на
пролетта, а ние ексклузивно ви го претставуваме дуетот. Уживајте :)
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Георги Малев
No comments