(Фото) Џесика повторно русокоса
Познатата македонска поп фолк пејачка Џесика Палашоска секогаш успева да ги изненади нејзините обожователи.
Откако во спотот за песната „Готово е“ ја видовме како бринета по совет на нејзиниот стилист Зоран Шурбески, денес повторно се врати во клубот на русокосите.
Кога и се јавивме да ја прашаме на што се должи нејзината промена таа специјално за нашиот сајт изјави: "Доаѓа пролет и време е за промени и нови работи.. јас решив да почнам од косата. Се надевам ќе ви се допадне".
Автор: Наташа Секуловска
No comments