Header Ads

Джена со Божиќен подарок за нејзините фанови


Бугарската ѕвезда Джена во декември, поточно за Божиќ ќе ги израдува нејзините фанови со прекрасен подарок. Се работи за нејзиниот долгоочекуван четврти музички албум кој ќе го носи името „Моли се да не почна“ според нејзиниот голем хит од оваа година.

Освен таа песна, во албумот ќе присуствуваат и познати песни од последните две години, како и неколку нови. Покрај работата на новиот албум, Джена наскоро ќе претстави и нова песна со видеоспот, но засега деталите околу неа ги чува во тајна. Потсетуваме дека нејзината последна песна „Неверници“ излезе во јули месец и се уште се радува на голем успех кај публиката. 


Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.