Header Ads

Џесика: Очекувајте го наскоро мојот прв албум



Поп - фолк пејачката Џесика Палашоска, којашто е актуелна на македонската музичка сцена веќе четири години, пред македонскиот весникот „Вест“ ексклузивно открива дека во моментот е зафатена со работа околу првиот нејзин албум кој треба да излезе наскоро.

"Изминатиов период почесто сум во Охрид, кадешто имам доста настапи. Покрај тоа, работам и на мојот албум кој што треба да излезе до крајот на годината, се работи за CD и DVD издание и сакам се да излезе перфектно, па затоа целосно сум посветена на работата. Веќе ја договорив и Новогодишната турнеја во Австралија, ќе заминам заедно со мојата колешка Адријана Кеш и искрено ме радува кога нашинците таму ме бараат. Покрај сите овие обврски, секако дека немам ниту енергија, ниту пак време за момче" – раскажува Џесика за Вест.

Имено, таа во почетокот на летото ја промовираше песната „Професоре“ која одлично ја прифати публиката, па поради многубрoјните настапи низ земјата, како и низ Европа нема време да се посвети на ништо друго.

- „Верувајте ми дека пејачка кариера и љубов не одат рака под рака. Затоа и не планирам да фатам момче во скоро време. Се изнаслушав од моите колешки за нивните проблеми со љубоморни дечковци, и не ми треба таков проблем во периодов. Иако неколку години немам љубовна врска, не сум очајна, напротив, имам исполнет живот и не сум во потрага по идеалниот маж. Мојата љубов и позитивната енергија си ги чувам само за музиката и за верните фанови“.


Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.