Концерт на годината: Драгана Мирковиќ успешно прослави 30 години кариера
Драгана Мирковиќ на 3 октомври во „AKombank arenа“ во
Белград одржа спектакуларен концерт со кој прослави 30 години успешна
музичка кариера.
Имено, таа во присуство од 20.000
луѓе, уште еднаш докажа дека е права ѕвезда кога се работи како треба да
изгледа еден концерт во кој целосно ќе може да ужива публиката од почеток до крај.
На
сцената излезе околу 21 часот и најпрво ја испеа песната "Jedini", а потоа им се обрати на присутните:
- „Добро вечер Белград, добро вечер драги мои. Оваа вечер
славиме јубилеј. Она од што нај повеќе
се плашев е да не заплачам, а малку ми треба само. Јас сум вечерва овде за вас
да ви кажам,
фала и дека сте вие мојата голема љубов“ – рече Драгана на почетокот на концертот.
После првата песна, веднаш се нижеа нејзините хитови како
„Ljubavi“, „Milo moje, što te nema“, „Spasi me samoće“... Она што исто така
беше интересно е тоа што на сцената друштво и правеа и Рада Манојловиќ, Плави
Орекстар...но, незапазени не останаa и Лепа Брена, Јелена Карлеуша, Гога Секулиќ, Ана Николиќ и многу други.
Автор: Наташа Секуловска
No comments