Header Ads

Татијана Стефановска е готова со нова песна


Татијана Стефановска е готова со нова песна која премиерно ќе биде претставена на „Фолк-фест Валандово“ на 16 октомври.

Парчето е по музика и аранжман на Дејан Момироски, додека пак текстот е дело на Борче Нечовски. Веднаш после премиерата на песната која што ќе биде изведена во живо со орекестар, пејачката планира да и сними и видеоспот.

За новиот проект Татијана открива дека се работи за балада т.е љубовна песна со доста силен текст за која се надева дека ќе ги докосни срцата на сите вљубени. А, што всушност ни има таа подготвено останува да чекаме до премиерата на песната, која ексклузивно исто така ќе биде преставена и на Estrada World.


Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.