Header Ads

Бриана ударно се врати на музичката сцена со песната “Далавера“

Бугарската пејачка Бриана после музиката пауза повторно се врати на музичката сцена по силна од секогаш. Вчера ја представи песната „Далавера“ која ја направи својата официјална премиера во каналот на Sunny Music во You Tube.

Бриана до неодамна се продуцираше сама, но сега се довери на музичката продуцентска куќа Sunny Music, за која ја запиша новата песна. Парчето е дело на познатиот македонски композитор Оцко, додека пак текстот е дело на Димитар Николакиев. Режисер на лентата е Добромир Николов.


Пејачката сподели ексклузивно за нас дека е задоволна од позитивните коментари кои ги добива за парчето, и ветува дека ќе видиме уште многу квалитетни песни од неа. Estrada World ви ја представува песната, а дали ви се допаѓа ќе научиме од вашите коментари.
Автор- Наташа Секуловска
Фото - Лична архива

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.