Галена: „Кога животот навистина има смисла“
Галена ги изненади со прекрасна вест своите многубројни
обожователи, откако во својата официјална страница во Facebook напиша "Кога животот навистина има смисла!"
и објави позитивен тест за бременост.
Ако е вистина радосната веста, пејачката и нејзиниот
сопруг ќе станаат родители по втор пат. Галена даде живот на својот првороден
син Стефан на 22 јуни 2009 година, кога кариерата и беше во супер подем.
А,
денес е една од најбараните пејачки не само низ Бугарија и во странство, а
нејзиното име значи стил и креативност. Факт е дека нејзиниот последен проект
“Пей, сърце” со Цветелина Јанева и Азис, ги покори сите музички листи. За малку повеќе од два
месеци видеото има блиску 12 000 000 прегледи во Planeta Official во You Tube.
Автор- Наташа Секуловска
No comments