“Добруджа на хляб мирише” - новиот албум на Ивелина Колева
Ивелина Колева ги израдува обожавателите на бугарската
народна музика со втор самостоеен албум “Добруджа на хляб мирише”, во кој се
вклучени 12 нови песни.
И во вториот проект пејачката кој го подготвуваше цели
две години, главно се фокусира на авторски песни на фолклорна основа, па дури и
самата таа е учествувала во создавањето на 7 од песните.
"Не сакам да пеам песна, која пред мене е испеана од други изведувачи. Јас се замислувам себе
си и сакам да биде моја музиката " –
сподели таа.
Само три од песните на новиот проект се народни: “Нивите
големи”, “Ой, Минке, Минке” и “В горите на Македония”. Дел од мелодиите кои пронашле место во албумот, веќе се познати на
обожавателите на фолклорните ритми на "Планета" и "Планета
Фолк". Во овој албум Ивелина Колева нема дуетни песни со својата сестра
Преслава, но ветува дека уште наесен ќе слушнеме нова дуетна песна на двете сестри.
Автор- Наташа Секуловска
Фото - Планета Тв
No comments