Header Ads

14 години без Тоше Проески - Естрадата со емотивни пораки кон него!

 


Тоше Проески трагично го загуби својот живот на 26 години пред точно 14 години, онаа кобна ноќ кога заедно со својот тим замина за Хрватска по повод гостување на хрватските телевизии и снимање на видеоспотот за песната „Игри без граници”, од неговиот последен музички албум. Утрото на 16-ти октомври сите портали и телевизии ја пренесија трагичната вест за смртта на Тоше, а денес после толку години љубовта кон него не згаснува и никогаш нема да згасне.

Се уште е сакан и ценет кај неговите колеги, кои не пропуштаат да му го спомнат името и да му одадат почит каква што заслужува. Тој беше и ќе остани вечен и како човек и како музичар, затоа што неговата хуманост и песните доволно говорат за него.

По тој повод, секоја година речиси сите познати музички имиња од целиот Балкан со емотивни пораки и статуси го одбележуваат овој ден и ја искажуваат својата тага. Елена Велевска, Елена Јовческа, Сања Ристеска, Елена Ристеска,  Калиопи се само дел од нашата естрада кои му одадоја почит на Тоше, а тоа не пропуштија да го направаат и неговите  колеги од другите држави. Роксана беше една од најпрвите бугарски пејачки кои упатија силна порака кон обожователите на Тоше, покажувајќи дека музиката нема граници:


Јаница во ексклузивен разговор и интервју за нас изјави: „Кога станува збор за омилена македонска песна, во моментов веднаш се сеќавам за еден одличен пејач кој за жал не е повеќе помеѓу живите, а тоа е Тоше Проески и имам многу омилени негови песни. Неговите песни  останаа во времето и ми се во срцето“, додека пак нејзината колешка Бони ја дополни во интервјуто за нас: „Тоше Проески нека почива во мир многу беше добар човек и пејач!“

Почита кон Тоше ја искажа и пејачот Кирил Атанасов, младата музичка ѕвезда на телевизија Планета :„За мене еден од најдобрите гласови во целост е тој на Тоше Проески. Беше голем талент, неговите песни ќе останаат вечни, затоа што тој остави длабока трага во музиката“.

Потсетуваме дека Тони Цетински беше еден од големиот број соработници на Тоше Проески, а неодамна изјави дека нивното пријателство за него било привилегија и чест. Тони и Тоше имаа и заедничка песна, а често си гостуваа на своите концерти и настапи, кој не пропушти со емотивна објава да ја искажи својата почит кон него:

„Искрено верувам дека од тој заминал во подобар свет, но благодарение на неговите дела и првенствено човечките доблести и скромност, останува засекогаш доказ и еден од оние кои ја враќаат вербата во човештвото и Бога. Сигурен сум дека тој не чува на некој начин и не чува за овој земски живот, затоа што тој беше и остана ангел на добрината“.




Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Лична архива

©Estradaworld.mk Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

1 comment:

  1. Многу сум среќен што можам да го споделам ова мое фантастично сведоштво.
    Јас се викам Еден, а мојот сопруг се вика Едуардо од САД.
    Едуардо ме остави за друга жена и за приказната да биде кратка, контактирав со д-р.Елен со магична тркала и мојот живот целосно се промени за 48 часа. Се гледам во огледало и се насмевнувам. Верувам во себе и во моите способности за прв пат во мојот живот. Го вратив мојот сопруг во мојот живот, со помош на д-р Елен. Едуардо рече дека му е жал 48 часа по изговорот. Едуардо рече дека сфатил дека никогаш не сакал да експлодира, дека не може да го земе емотивниот багаж што постојано го пренесувавме. Тој рече дека мислел дека тоа има негативно влијание врз мојот живот и дека е подобро. Тој рече дека е тешко постојано да се зборува за минатото. И на двајцата им простив. Имам пари во џебот, што конечно сум јас. (Мојот чек за компензација дојде затоа што ми кажаа дека имаат месеци.) Јас сум жив доказ за тоа што може да направи Dr.Ellen... Ви благодарам многу, Dr.Ellen за прекрасната работа што ја направи во мојата врска. и двајцата помогнавме да ја видиме вистината и да си ја кажеме вистината. Никогаш не мислев дека магијата може да помогне на пар пред да бидете многу среќни. Ве контактирав и иницирав сето ова да се случи. Секој кој има проблем во врската може да контактира со Dr.Ellen преку е-пошта ellenspellcaster@gmail.com
    ако имате какви било проблеми во следново прашање
    (1) Ако го сакате бившиот назад
    (2) ако секогаш имате кошмари.
    (3) Сакате да бидете унапредени во вашата канцеларија.
    (4) Ако сакате дете.
    (5) Хербална нега
    (6) Сакате да бидете богати.
    (7) Сакате да го обврзете вашиот сопружник да биде ваш засекогаш.
    (8) Доколку ви треба финансиска помош.
    (9) Дозволете им на луѓето да ги слушаат вашите зборови и да прават што сакате
    (10) Решение на Е.Т.Ц.
    контактирајте со Dr.Ellen преку неговата е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com
    Whatsapp:
    +2349074881619

    ReplyDelete

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.