Преполната Арена „Борис Трајковски“ пееше во еден глас со Саша Ковачевиќ!
Саша Ковачевиќ изнесе феноменален концерт минатата вечер
во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје. Неверојатна забава и многу емоции ја
проследија манифестацијата, а пејачот се
раздаде докрај и ги фасцинира присутните со визија, темперамент, енергија, харизма,
а пред се со неверојатен глас.
Концертот продолжи цели пет часа, а честа да го отвори ја имаше младиот
македонски пејач Ристе Ристески со
групата „Маестрал Бенд“ од Охрид познат на публиката со неговото учество во
„Zvezde Granda” кој успеа да ја загрее атмосферата со неговата извонредна
изведба, а публиката во ниеден момент не престана да пее во еден глас со него.
После 22 часот следуваше оној момент кој го чекаа со
нетрпение сите , а тогаш на сцената се појави Саша Ковачевиќ кој го отвори
концертот со баладата “Gde smo moja ljubavi”. Пејачот со неверојатниот глас ги воодушеви присутните во преполната
арена со своите хитови меѓу кои „Rano je”, “Lapsus”,”Zivim dа te volim”, “Slucajno”, “Noc do podne”…
На
сцената излезе и неговата колешка Јелена Томашевиќ со која ја испеа заедно
песната „Pomozi mi” која ја имаа изведено заедно во чест на Тоше Проески 2011
година. Саша не пропушти да исполни и
македонски песни, споделувајќи дека е
премногу задоволен од љубезното гостопримство во Македонија и дека повторно со
големо задоволство ќе одржи концерт кај нас.
Автор: Наташа Секуловска
Фотографија: Личен Архив
Тони Трифуноски (Mega Production)
No comments