Доделени годишните музички награди на Планета ТВ
Телевизија Планета
по традиција ги додели своите годишни музички награди на свечената церемонија која се одржа во сала ЕFE
- Хотел "Маринела" во Софија. Во улога на водител оваа година беше
пејачот Устата, кој со својата
оригинална реторика успеа да ја
вжешти атмосферата.
Наградите предизвикаа лавина коментари во социјалните
мрежи, и како и секогаш има фанови кои ги подржуваат оние кои победиле и оние
кои не се согласуваат со тоа. Како и секоја година така и оваа беше доделена
престижната награда за Пејачка на годината која ја зеде Преслава, додека за
Пејач повторно беше избран Фики.
Джена беше наградена за Оригинално присуство на клубната
сцена и за Амбасадор на бугарската музика надвор од границите на Бугарија.
Додека пак нејзината колешка Анелија ја доби наградата за Песна на годината со
„Генерал“, а Галин беше прогласен за Машки музички Идол на 2015 година, а Галена за
женски. Ивана беше наградена за традиција и иноваторство, додека пак за народен
албум наградата и беше доделена на Емилија.
Автор: Наташа Секуловска
No comments