Header Ads

(Интервју) Джена: „Конечно почуствував што значи да бидеш вистински сакана“



Во новата година прва гостинка е бугарската ѕвезда на „Пајнер“ – Джена. Во интервјуто кое ексклузивно го даде за македонската публика открива многу детали од нејзината кариера, музичките планови и за љубовта со Атанас. Раскажува дека конечно почуствувала како е да биди човек вистински сакан и што уште мисли за љубовта и кои и се плановите за оваа година можи да дознаете доколку го прочитате интервјуто.
Джена како си? Помина повеќе од една година и половина од нашето последно интервју. Тогаш се уште ги немаше пуштено некои од твоите последни хитови.Според тебе брзо  поминува ли животот  и што се променило кај тебе за овие 9 години, откако си на сцената?
Здраво Наташа. Се радувам што повторно сум твоја гостинка и што повторно имам можност да одговорам на твоите прашања и да ги израдувам моите обожователи и во Македонија. Ти благодарам, добра сум ме наоѓаш во Софија помеѓу настапи, на работа во моето секојдневно опкружување и се е како што треба . На професионален план се подготвувам да претставам нова песна, нов спот и во однос на тоа како се чуствувам за сите овие 9 години едноставно се чувствувам себе си со повеќе искуство, со повеќе мир и сум задоволна од се тоа што го постигнав  и на начинот на кој што веќе го гледам животот како цело.
Често пати споделуваш дека успеваш да ги постигнеш своите професионални цели, но никогаш со тоа не сакаш да повредиш некој. Успеваш ли да го постигнеш тоа?
Јас лично многу ја почитувам конкуренцијата, моите колеги и убаво е да знам дека сум се справила сама во животот. И секогаш сум се потпирала на сопствениот осет и слух. Инаку, за песните секогаш се советувам со композиторите, им давам идеи и така успеав едноставно да си направам свој стил, да ме препознаваат луѓето. Денес моите обожователи знаат дека нема шанси да пуштам проект кој не е убав, кој нема да има убав и смислен текст и навистина тоа е многу труд низ годините и се радувам што не сум потпаднала на никакви манипулации и секогаш ги задржувам позициите благодарение на мојот осет.
Покрај музиката, што уште те  мотивира за работа  и исполнува?
За музичар е многу важна неговата душевна состојба, емоциите, да биди среќен, весел, сакан. Јас можам слободно да кажам не само задоволна, туку сум многу среќна што во мојот живот се појави маж кој ја разбира мојата работа,животот. И откако се запознавме со Атанас-младиот јас се чувствувам многу спокојна и за прв пат вистински сакана. Досега не сум почувствувала што значи еден маж да ти дава љубов, внимание, но сега веќе ја чувствувам подршката. Не само како музичари, ми се дава друг грб, друго рамо и ме разбира. Тоа ми дава мотив да работам спокојно и мене ми останува само да пеам и да мислам на музиката. Така да, тоа е една многу голема промена во животот, да се чувствувам конечно спокојна и сакана.
Според тебе што ја прави една жена навистина среќна?
Вистински среќна ја прават секоја жена различни работи. Ете мене лично ме прави среќна прво да сме здрави, и да можам јас да се радувам на својот живот по мојот начин. Со самата појава на Атанас во мојот живот, начинот на кој ми ја пружи љубовта било и преку музиката што ја создавам, или моментите кога излегувам на сцената, моите средби со фановите, тоа е всушност дел од мојот живот и навистина ме прави многу среќна и исполнета. Да ми се живи и здрави, блиските, саканите луѓе и тоа е да нема човек стресови.
Во моментов кој ти е најголем критичар, а пак на чие рамо за плачење ти е најзгодно?
Дефинитивно Наско. Тој е во моментов мојот најголем критичар и човекот со кој се советувам и е до мене постојано.

Судејќи според фотографиите кои секојдневно ги постираш на  друштвените мрежи водиш доста динамичен живот, но одржуваш одлична форма. Дали точно секој ден ти е толку напорен или имаш и доста слободно време?
Имам да малку, сакам да си го средувам графиконот, понекогаш не ми се годи поради интересот на публиката да присуствувам на секоја точка од Бугарија и во различни земји. Но, има моменти кога поспокојно ми поминува секојдневието и два- три дена ги имам слободни.  Тогаш наоѓам време за семејството, за себе си и општо да си обрнам внимание на љубовта со Наско, но факт е дека работата е доста тешка и патувам постојано, и затоа многуте работи сакаат да бидеш постојано предаден на работата и на графиконот.
Во 2014 година во продажба го пушти твојот нов албум „Моли се да не почна“. Задоволна ли си од неговиот успех?
Задоволна сум, се разбира. Албум полн со хитови песни, во кој успеав да претставам и неколку народни песни. Многу работа, многу труд, авторски песни, авторски парчиња, многу часови во студиото. Задоволна сум.  Се надевам и наредниот албум да има таков успех и да направам уште такви хитови. Всушност, не е и лесно.

Всушност, песната „Моли се да не почна“ стана и Песна на 2014 година на претходните музички награди на Планета Тв. Што очекуваш на идните Музички награди на Планета Тв?
Очекувам да бидам почитувана на истиот начин како и секогаш. Некоја конкретна награда не очекувам. Тоа е момент кога публиката избира каква награда да добие исполнителот. За тоа целосно одлучува нашата публика. Немам некака замисла, желба, но јас сакам да правам само убави песни, да ги радувам моите обожователи. За мене важно е да имам постојано работа, настапи, да имам средби со нив. Мене тоа ме прави задоволна и гледам да не мислам за награди. Секоја награда за мене е добра, позитивно е да добиеш било каква.
„Да ти се доказвам“ е со доста силен текст, кој според мене носи и порака кон женскиот пол. Како се создаде таа песна, како реши да ја запишеш?
Голем дел од последните мои песни се создадени од Мариета Ангелова. Јас многу ретко и се мешам во нејзината работа. Многу хитови има напишано и идејата која ми ја даде беше многу блиску до мене како чувство.  И се доверувам многу. „Да ти се доказвам“ е една песна која не е испеана по идеја. Јас се држам до тоа во моите песни да има доза агресија, или да се пее само за љубов. Сакам да се пее за изневерување, да има трет човек. Тоа е мојот стил на песни, а Мариета многу одговора на мојот стил на чувствување.  Идејата за таа песна не е моја, а на Мариета.
Со песната „Спри да ми досаждаш“ стартира нов музички стил во твојата кариера. Што те поттикна на тоа?
„Спри да ми досаждаш“ е песна која е многу мислена, пред да биде создадена. Кога почнавме со Оцко да правиме проект тогаш, мојата идеја беше да се направи песна за младите луѓе, за тинејџерите. Таква беше и „Моли се да не почна“. Идејата произлезе од тоа што постојано им пеам на младите. Таа песна е многу погодна за нив. Затоа решив да го променам малку стилот. Пробав да рапувам, да направам нешто ново, да направам различни нешта. Јас во секоја песна се трудам да направам нешто различно.

Ти направи песна и во R’N’B стил „ Градът работи  за мен“. Раскажи ни малку и за неа.
Тука специјално за таа песна ќе бидам и критична кон себе си. „Градът работи  за мен“ е песна која што требаше да се појави најпрво на шпански јазик, во шпанска варијанта. Но, нашите идеи со режисерот се разминаа за тоа како ја имав запишано на шпански. Моите желби веќе беа променети, и затоа решив да ја пуштам на бугарски јазик. Беше проект на кој што јас залагав да се појави во летото. Претставив едно денс парче кое што беше погодно за танцување по клубовите во кои што пеам. Но, мислам дека сепак повеќе мојот стил го покажав во „Ти къде беше“ и во новата песна која што сега ја спремам.
Во новиот албум вклучи песна и на грчки јазик. Како се реши на тоа?
Да. Многу одамна тоа беше моја желба да испеам песна на грчки јазик и да признаам искрено, не знаев каков ќе биде ризикот кој што го превзедов. Во Бугарија се актуелни грчките песни, исто како и српските. Но, многу ретко се случува да направиш грчко парче и тоа да биде хит. Јас направив песни во две варијанти, на бугарски и грчки. Работев со текстописец од Грција. Тоа беше моја желба, но и желба на моите обожователи. Тие сакаа одамна да слушнат нешто од мене на грчки, затоа што јас пеам грчки песни на настапи. Затоа решив да направам грчка авторска песна.
Ти посвети песна на твојата публика. Тоа е нешто коешто малку пејачки го прават, да го направат специјално за своите обожователи. Го заслужуваат ли овој твој гест?
Да, се разбира дека го заслужуваат. Јас кажав, додека ги има нив, ќе ме има и мене. Публиката е многу важна. Јас растам со едно поколение и одговорноста ми е исклучително многу голема. Најмалото нешто кое што можев да го направам за нив, е да запишам песна за нив. „Моята награда“ е песна која се појави во период кога имав потреба од неа. Многу луѓе коментираа дека јас не сум била спремна да испеам таква песна, имаше и зборови кои што јас не сум ги кажала. Дека требало исполнителот да има 15, 20 години музичка кариера, но јас мислам дека со љубовта и силата на моите обожователи беше точниот момент. Тоа е мојот подарок, нешто направено со многу љубов. Видеото беше целосна LIVE верзија од моите настапи, на концертите во сала НДК. Покажани се и моите средби со обожователите, аплаузите кон мене. Тоа ќе остане еден убав спомен од годините, од радостта која ми ја давала мојата публика. За мене е важно да ја покажам и екипата со која што сум работела во тој период.
Пееш одлично народна музика, но ретко те гледаме на народните концерти, и покрај тоа што имаш запишано народни песни. Зошто не учествуваш на нив?
На народните концерти досега не сум учествувала, бидејќи не сум создала се уште мој народен албум. И не сум го имала самочувството да застанам до народните пејачки. Моето образование е токму тоа. Јас имам учено во училиштето во Котел, дури имам и Диплома да предавам по народна музика и да бидам педагог. Но, ние попфолк пејачите имаме почесто можности да правиме концерти, а народните поретко. А, специјално за концертот во Стара Загора пропуштив, но во иднина ќе земам учество. Веќе ги почнав подготовките за народниот албум со оркестар „Канарите“ и ја направив мојата прва песна заедно со нив. Чекав да дојде вистинскиот момент. Јас наоѓав грешки во моите изведби на народни песни, во моето пеење, во аранжманите, но сега веќе е подруго откако работам со нив. Тие се моите советници.
Значи, прво ќе видиме народен албум, или попфолк?
Не можам да кажам нешто конкретно, треба време. Никој не знае што точно ќе се случи, но се работи по таков проект. Но, работам и на попфолк албум. Нека да сме живи и здрави само, кога ќе сум готова со кој и да е албум, тој ќе биде претставен најпрво.

Како би ја опишала работата со екипата со која работиш, со специјалистите Оцко, Мариета, Мис Бони и други?
Покрај мене секогаш има многу луѓе со кои работам. Секогаш имам различна екипа, со години ги барам вистинските, за правилните совети, за мојот правилен изглед. Важно е да има екипа која разбира. Признавам дека многу често ми се случувало да ја променувам екипата со која работам. Само едно лице работи многу години со мене, а тоа е шминкерот Мис Бони – Борислав Соколов. Сите други имаат работено пократко со мене. Со сите сум имала убави моменти на снимањата, сите ги почитувам. Но, се разбира убаво е да се променува екипата и да се оди напред. Сега исто така, во новиот проект работев со Мис Бони и со неговиот брат Никола. Но, најголемата помош сега ми е од Наско, тој ги разбира нештата. Еднакво ги гледаме работите.

Идната година се навршуваат 10 години од твојата музичка кариера, дали ќе има јубилеј?
Ќе размислам на каков начин ќе го одбележам. За тоа има време.

Благодарам многу за убавото интервју. Ти посакувам се најубаво и се разбира наскоро да дојдеш во Македонија.
Со задоволство би дошла во Македонија. Ќе им посакам на сите мои обожователи во Македонија да бидат живи и здрави. Наташа, тебе ти посакувам многу успеси во сите полиња.

Интервју: Наташа Секуловска



No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.