Header Ads

Саша Ковачевиќ со феноменален концерт во Скопје

Еден од најомилените пејачи во Србија Саша Ковачевиќ, за прв пат во својата солистичка кариера ќе одржи концерт во Скопје. Местото на настанот е закажан во Арена „Борис Трајковски“ на 19 март.

Сите оние кои ќе присуствуваат ги очекува неверојатна емоција и забава, а Саша изјави дека и покрај неговите песни ќе испее и неколку на легендарниот Тоше Проески, а деновиве се наоѓа во Тајланд на одмор за кој изјави дека му е потребен, за да може потоа да се посвети на концертите кои го очекуваат во цела Европа.
Потсетуваме дека неговиот последен сингл „Zivim da te volim”  ги руши сите рекорди на гледаност, а пејачот вети дека и оваа година ќе ги израдува многубројните обожователи со добри песни, а и со нов музички албум.

Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.