Дарко Илиевски во ново светло со „Она сака“
Дарко Илиевски по подолгата пауза, денес ги израдува
фановите со нова песна. Најновиот проект на младиот пејач го носи насловот “Она
сака“ и е комплетно негово авторско дело, додека пак мастерингот е правен во
студиото на Раде Врчаковски-Врчак.
Видеоспотот беше снимен на повеќе локации меѓу кои и во Хотел „Милениум“ во Охрид, а во неговата организација учествуваа голем број на луѓе- статисти, танчери од школата на балетско студио „БАХ“, моделот Наташа Неделковска, како и голем број сценографски и костимографски реквизити пренесуваат од Горила продукција. За реализацијата на спотот беа задолжени Владимир Ивановски – Дади и Горан Костадинов во продукција на Горила Филмс.
Дарко открива дека искрено се надева дека песната ќе и
се допадне на публиката, бидејќи е нешто сосема поразлично од се она што досега
го има представено.
Автор: Наташа Секуловска
No comments