Header Ads

(Видео) Азис со нов хит „Хабиби“

Азис предизвика вистинска еуфорија помеѓу фановите со песната „Хабиби“. Парчето е по музика и текст на пејачот, додека пак за аранжманот беше задолжен Мартин Биолчев.

"Со него се чувствувам слободен да создавам, дури и во два часот после полноќ. Имаме заеднички јазик и чувство за музика. Ми помага исклучително многу и ме слегува на земјата, кога треба. Ете тоа е е совршениот  баланс помеѓу мене, музиката и публиката. " - сподели популарниот пејач.

Со вокали во песната учествува и најголемата ѕвезда на Diapason Records-Тони Стораро, во чие студио се оствари и записот на песната. Иако не се чувствувал добро, Тони  веднаш се вклучил во работата по песната "Хабиби" и предложил неколку  идеи на својот близок пријател и колега. Парчето веќе за неколку дена има над 1 милион прегледи на YouTube, а нивниот број расте секоја минута кое е доказ за популарноста на песната и затоа колку многу им се допадна на фановите судејќи по позитивните коментари.


Автор: Наташа Секуловска
Фото: Елиана Василева

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.