Header Ads

Тања Боева сподели слики од турнејата во САД

Специјално за своите обожаватели тука во Македонија,Тања Боева сподели неколку фотографии од САД, каде што е на турнеја во моментот.

Традиционално на секој свој настап зад граница Тања ги вклучува нејзините хитови, како и  познатите народни песни. Таа до моментов успеа да реализира многу успешн концерти, а салите едвај ги собираат сите оние кои дошле да ја видаат и слушнат на живо.
За времето, додека престојуваше во најатрактивните градови во светот, таа успеа да се прошета и да ги разгледа речиси сите интересни места во нив, како и да се сретне со некои нејзини колеги кои живеат и работат таму веќе подолги години. Последниот нејзин концерт од турнејата е закажан за 10 април во Денвер- Колорадо, каде што после тоа се враќа во Бугарија каде што со нетрпение ја очекуваат нејзините фанови.


Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.