Header Ads

(Фото) Елена Јовческа сними нов спот, ви откриваме и дел од рефренот на песната!

Со нова песна Елена Јовческа ќе ги изненади своите фанови. Пејачката сними видео за песната "Hollywood" која наскоро ќе ја има својата официјална премиера.
Новата песна е дело на композиторот Николче Кочановски, додека пак за текстот се погрижи Љупче Василев. Спотот се снимаше на повеќе локации, а за негова реализација беше ангажирана INTV. Во новиот спот Елена сменува четири стајлинзи, кои пак се дело на Алек Палада.
Премиерата на песната се очекува наскоро, до тогаш ексклузивно ви откриваме дел од рефренот на песната:
„..Не си ти имун на мојот Sexy Look
Оваа вечер блескам како Hoolywood
Со очите ме пиеш, но нешто знам
ми криеш од мене, не ќе добиеш!..“

Исто така, во прилог ви предлагаме да погледнете и неколку фотографии од снимањето и дел од спотот кои ќе ве остават без здив.




Автор: Наташа Секуловска

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.