Header Ads

(Видео) Цветелина Јанева како филмска дива во спотот за песната „Черните очи“

 




Цветелина Јанева вчера ги изненади своите обожователи со премиерата на долгоочекуваната песна „Черните очи“, по која таа и нејзиниот тим работеа со месеци и официјално ја претстави по телевизија Планета, но може да ја слушнете  и во нејзиниот официјален канал во YouTube – Tsvetelina Yaneva.

„Черните очи” е дело на композиторот Јорданчо Василковски – Оцко и Георги Симеонов JJ, со аранжман на Даниел Ганев, додека пак стиховите ги напишаа Анастасија Мавродиева и Росен Димитров. Режисер на видеото кое е минифилм е на познатиот режисер  Виктор Антонов – Rikk, за кое сме сигурни дека долго ќе се зборува и ќе влезе во категоријата на најгледаните песни оваа сезона.



Имено, Цветелина Јанева важи за изведувачка која ги има едни од најскапите и најубавите видеоспотови во соседна Бугарија, а доказ за тоа се и нејзините многубројни хитови како филмските песни „Влез“ и „Брой ме“.

Дали ви се допаѓа новиот проект на Цветелина ќе научиме од вашите коментари.


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Цветелина Јанева

©Estradaworld.mk Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.