Header Ads

Ексклузивно: Роксана и Алекси Маринов тргнаа по чекорите на Лепа Брена и Саша Поповиќ!

 


Бугарската попфолк дива Роксана и нејзиниот долгогодишен пријател ПР менаџер Алекси Маринов основаа музичка продуцентска куќа во Бугарија која го носи насловот Grand  music studio, инспирирани по примерот на легендарната Лепа Брена и Сашо Поповиќ.

Нивната идеја започна  уште од 2019-та година кога Роксана организираше прва сезона на онлајн курсот  „Пеј со мене -дуетот“  и на него се пријавија многу талентирани деца , за што беше организирана и втора сезона и претстои да се снима дует и со вториот победник.  



Компанијата наскоро ќе стартува со песна на Ромската кралица - Роксана, запишана во два варијанти на бугарски и на српски јазик, а ќе биде официјално претставена во каналот на фирмата во Youtube. На прашањето дали истата ќе се заврти по програмата на Планета Тв, Фен Тв или Hit Mix Tv, Алекси ексклузивно ни откри дека нема ништо против да се вртат нивните песни што ќе ги продуцираат со Роксана по овие телевизии, само да се направи еден заеднички договор од кој ќе имаат профит двете страни, а во овој момент имаат договор склучено со музичката платформа Youtube за качење на видеоспотовите во нивниот сопствен канал, како и низ сите останатите дигитални платформи.

„Тргнуваме со нула лева капитал, имаме вложено само свои сопствени парични средства и нашата фирма стартува со чисто ново лице на музичката естрада, а тоа е Адел. Тоа е едно прекрасно девојче, за кое верувам дека ќе ве освои со својот талент, пред се со неверојатниот глас и засега нема да ви откријам ништо повеќе за неа, останува до броени денови да излезе нејзиниот прв видеоспот“- откри за нас Алекси, дополнувајќи „Јас не сакам да бидам музички „мафијаш“. Подобро е да имам само пет изведувачи квалитетни, но да знам дека истите ќе бидат барани и нивните песни слушани. Нашата фирма нема да се ограничи само на попфолк, ние сме отворени за соработка и во другите стилови на музиката, на пример во народната област има толку многу талентирани изведувачи“.


Исто така, Роксана пред неколку дена ги израдува своите обожователи и со две нови песни кои носат наслов „Намерете го“ и „Девла Исусе“ која е кавар на големиот хит на Бијонси „Halo“ и до овој момент се радуваат на огромен успех и се едни од најслушаните песни во реонот.



Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Grand Music Studio

©Estradaworld.mk Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.