Header Ads

(Видео) Погледнете го најновиот свадбарски хит на Сања Ристеска

 


Сања Ристеска е меѓу имињата на македонската естрада кои смело воведуваат иновативен дух во народната музика и попфолкот.

Имено, таа денес ја претстави својата најнова песна која носи наслов  „Да заиграме“ и  за која сме сигурни дека ќе претставува вреден бисер во македонската народна музика и до овој момент се радува на огромен интерес, само броени минути по нејзината премиера и истата е реализирана во продукција на Balkan Music TV, со музика и текст на Јане Рафаиловски, аранжман на Љупчо Павловски, а  видеоспотот е снимен  во ресторан „Arcus” во Куманово од страна на Art –Production, во кој учество зедоја и многу нејзини колеги и колешки.


„Пребирлива сум, при избор и не сум баш лесна за соработка. Перфекциониста сум, сакам беспрекорност, сакам убав ритам, лесен и певлив текст, да биде прифатлив за широкиот аудиториум. Сите песни си раскажуваат своја приказна, со која повеќе или помалку сум поврзана...“- сподели за нас Сања, дополнувајќи: „Песната „Да Заиграме" е нешто ново и малку поразлично од мене, во кое се надевам дека ќе уживате“.

Во прилог, погледнете за што станува збор:


 Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Сања Ристеска 


©Estradaworld.mk Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.