Header Ads

(Видео) Џулија го прослави роденденот со нова песна и видеоспот

 


Бугарската пејачка Џулија по случај својот роденден вчера ги израдува своите обожователи со чисто нова песна и видеоспот кој ја направи својата премиера во официјалниот канал на телевизија Планета во YouTube – PlanetaOfficial, а точно во 19 часот по бугарско време и по програмата на Планета / Planeta HD и на Planeta 4K.

Парчето носи наслов „Този път“ (Овој пат) и е по музика и аранжман на композиторот Дејан Асенов, со текст на  Анастасија Мавродиева и Лора Димитрова, кој ги освои срцата на слушателите на попфолкот со својата силна порака, дека покрај сите падови и разочарувања, еден ден љубовта ќе го пронајди својот вистински пат до срцето.

Режисер на видеото е Људмил Иларионов – Љуси и песната за прв пат ќе прозвучи на живо оваа недела во Софија – Студендски град во Planeta by Eleven club, а на 20-ти мај Џулија заедно со нејзиниот сопруг Кристиан Кирилов заминуваат за Лондон,  за што пејачката веќе има подготвено посебна музичка програма со која  планира да поднесе многу свежо расположение во срцата на сите гости на забавата.

Целиот тим на Estrada World и посакува многу здравје, среќа, љубов и уште поголеми успеси!


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Планета ТВ

©Estradaworld.mk Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.