Header Ads

Ексклузивно: Роксана тргнува на голема европска турнеја!

 


Ромската кралица на музиката Роксана тргнува на голема турнеја низ Европа. Имено, нејзиниот распоред е исполнет со многу емоции за пејачката која освен своите обожаватели во земјата, ќе ги израдува и оние зад граница.

Први хитовата  изведувачка ја аплаудираа  нејзините фанови во Германија - на 7- ми и 8-ми април каде пејачката често гостува. Домаќин на забавата беше градот Берлин. Неколку дена потоа Роксана отпатува во Хамбург, каде одржа концерт заедно со нејзиниот колега Синан, на кој се собраа повеќе од 2000 луѓе од целиот Балкан, а имаше и гости Турција и Израел кои пееја во еден глас со неа.


Забавата во Германија продолжува и во останатите градови во Германија, додека пак наредниот месец ќе има концерти и во Австрија и Холандија. Таму музичките средби со една од најсаканите ѕвезди на Балканот се закажани за 6-ти и 7-ми мај. Пејачката веќе има подготвено посебна музичка програма со која  планира да поднесе многу свежо расположение во срцата на сите гости на забавата, а нејзиниот хит со Џамбо Агушев „Нема да е се така“ се радува на огромна популарност и во YouTube.


Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Роксана

©Estradaworld.mk Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.