Header Ads

Кога успехот е загарантиран - Погледнете го третиот дует на Емилија со Денис Теофиков!

 


Емилија, која е добро позната на македонската публика со својот „ангелски глас“,  откако на 10-ти февруари стана мајка по трет пат и на свет ја донесе својата ќерка Жоржина ги израдува сите љубители на попфолк музиката со третиот дует со најталентираниот изведувач Денис Теофиков, чиј живот згасна на 24-ти октомври минатата година и тоа само на 21 година.

Песната „Пак ще се броиш“ повторно е претставена со минифилм  и е продолжение на претходните два проекти кои му донесоа најголема слава на Денис и тоа песните „Акула“ и „Тръгвай си“ во кој покрај нив, главни улоги имаат  и актерите Башар Рахал, Мариан Валев, Михаил Билалов и Кирил Ефремов,  кои се погрижија видеото да изгледа како минисерија, во која љубовта има непроценлива вредност пред богатството и славата.

Песната  повторно предизвика голем интерес кај публиката,  пред се поради незаменливата мелодија, емоционалниот  текст, но и  видеото во кое за последен пат имаме можност да го видиме Денис и е снимено неколку месеци пред да згасни неговиот живот. Очигледно е дека формулата за успехот е трудот, упорноста и љубовта кон она што го правиш. Тимот кој е заслужен за успехот на овој дует е Diamond Beat Production, а режисерот Валери Милев, со камерманот Орлин Руевски ја носат титулата за најдобар спот направен во соседна Бугарија.

Емилија сподели дека покрај овој дует, да очекуваме уште еден кој ќе го носи насловот „Единствено“ и ќе ја заокружи минисеријата за која смело можиме да кажиме дека е најдобриот проект направен во соседна Бугарија за последните неколку години и до овој момент песната „Пак ще се броиш“ има над 3.000.000 прегледи е број 1 по слушаност во Бугарија.

Во прилог, погледнете го и вие:

Автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Емилија

No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.