Header Ads

(Видео) Преслава прослави 18 години на сцената со нова песна

 


На 20-ти јануари една од најпознатите бугарски пејачки Преслава прослави успешни 18 години на музичката сцена.

Таа пред 18 години потпиша договор со музичката компанија "Пайнер", кој дава почетокот на една неверојатна музичка кариера. За сите овие години Преслава успеа да ги освои срцата на илјадници луѓе со нејзиниот талент и харизма. Ова е потврдено не само од фактот дека таа е една од најнаградуваните изведувачки во историјата на овој жанр, но и со нејзините песни со кои не остави рамнодушен ниту еден обожавател на поп-фолк музиката.


Преслава е и првата добитничка на наградата "Музички идол" на телевизија "Планета" и единствената во историјата на поп-фолк, чии општи титули "Пејачка на годината" се проценуваат на 11. Повеќепати самата таа сепак споделуваше дека ниту наградите, ниту материјалните работи кои ги добива од својата професија не ја држеле силна на врвот целото тоа време, туку нејзината подршка отсекогаш била публиката, која ја претвори во она што е таа во моментов - вистинска ѕвезда. Што се однесува до почетокот на оваа блескава кариера е поставен на 20 јануари 2004 година, кога со помош на Милко Калајджиев, тогаш 19-годишната Петја Колева потпишува договор со "Пайнер", откако неколку месеци порано тој ја открива и таа добива шанса да пее низ Бугарија со неговиот оркестар, со кој имаат и  неколку концерти во Турција. Првиот настап на младата пејачка на телевизија е со премиерата на дуетната  песна со Милко Калајджиев - "Нежен рекет", за која тогаш таа уште го немаше прифатено уметничко име и е испишана со вистинско име - Петја. Подоцна истата година, под креативниот псевдоним Преслава, се издадени нејзините први самостојни песни и и започнува вистинската кариера како ѕвезда.



По овој повод, таа објави  нова песна која носи наслов „От утре“. Парчето веднаш ги освои срцата на публиката и влезе ударно во најслушаните песни на Балканот, а е дело на грчкиот композитор Фивос, со аранжман на Даниел Ганев. Текстот кој воодушевува и во кој ќе се пронајдат многу девојки е дело на Петја Радева, а видеоспотот е снимен од страна на Виктор Антонов.

Тимот на  Estrada World и ги честита 18-те години на сцената, со желби за уште поголеми успеси!


автор: адв.м-р Наташа Секуловска

Фото: Планета Тв

1 comment:

  1. Јас сум Хелен, имам 45 години и сум од Данска. Во изминатите шест месеци барав начин да добијам онлајн заем, но неколку пати бев измамена од различни заемодавачи, поради што ја изгубив надежта. Минатата недела, додека пребарував на интернет, наидов на сведоштво од човек кој објасни како добил заем од „Trust Bridge Financial Service“. Бидејќи очајно ми требаше заем, стапив во контакт со нив. Тие ми ветија помош под услов да се придржувам до правилата и политиките на компанијата. Одлучив да направам уште еден обид и да го сторам она што го побараа од мене, и на мое големо изненадување, ми беше одобрен износ од 50.000 долари, кој ми беше префрлен во рок од 72 часа. Затоа, решив да ја искористам оваа можност и да им кажам на луѓето дека не се сите измамници. Доколку ви е потребна финансиска помош, контактирајте ја „Trust Bridge Financial Service“ преку е-пошта на trustbridgefinancialservice943@yahoo.com или преку WhatsApp на +2349124847559.

    ReplyDelete

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.