Глорија и Лепа Брена на една сцена - одржаа незаборавен концерт во Бугарија
Две од најголемите
балкански ѕвезди Глорија и Лепа Брена направија одличен концерт во соседна
Бугарија, минатата вечер.
Настанот кој привлече
големо внимание кај обожователите на овие две диви, беше незаборавен и се одржа во „Ботев парк“ во градот Козлодуј, а поводот беше празник на
градот. Посетеноста говореше сама по себе, дека забавата беше голема и
незаборавна.
Глорија како и секогаш
блескаше на сцената, исполнувајќи ги своите најголеми хитови, а публиката пееше
во еден глас со неа. Подоцна за убавото расположение се погрижи и Лепа Брена со
вечните хитови “Robinja“, „Bolis I ne prolazis“, „Luda za tobom“, а двете изведувачки ја запечатија средбата и со заедничка слика.
Бугарската дива неодамна
ја израдува публиката со нови народни
песни
„С ЛЮБИМИТЕ ХОРА“ која е во дует
со Николај Славеев, „ПЕСЕН
ЗА ПРИЯТЕЛИТЕ“, „ДА ПРАЗНУВАМЕ“ кои се нејзино
дело , а ја преработи и познатата песна “Пиј, куме пиј“. Специјално учество во песните имаат едни од најдобрите музичари во Бугарија, Србија, но и од нашата држава, меѓу кои и Недјалко Недјалков и Дани Милев.
Фото: Глорија/ Лепа Брена
No comments