(Видео) Джена и Тита во неочекувана добра комбинација
Откако на 17-ти март Джена ги освои музичките
лист со песната “Моят номер“, таа истиот ден во телевизиско интервју откри дека
ќе се вклучи во музички проект на своја колешка, која за прв пат ќе претстави
попфолк песна.
Целата таинственост се разреши вчера, кога во официјалниот канал на познатата Тита, која на македонската публика и е позната по дуетот со Криско, изненади со дует со својата колешка Джена кон песната „Да си траят“. Парчето е дело на ADAMAND, додека пак текстот е на LMD Crew. Видеото го сними Виктор Антонов – Рик, а продуцент е Тита.
Оваа вечер најновиот дует ќе ја направи
својата премиера во Софија, а утревечер во Велинград, каде што талентираната
пејачка ќе има свои настапи, по отворањето на клубовите во соседна Бугарија.
Автор: адв.м-р Наташа Секуловска
Фото:Викторија Сиракова
No comments