Header Ads

Ексклузивно: Емилија снима спот кон нова песна!


На 21 – ви март, во првиот ден од пролетта, роденден прославува познатата музичка ѕвезда на телевизија „Планета“ во соседна Бугарија – Емилија. Ве потсетуваме дека претходните четири години, точно на овој ден таа претставуваше нов музички проект, а оваа година одлучи да ја смени традицијата и денес да снима видео кон новата песна, која се очекува наскоро да се заврти по Планета Тв и Планета HD.

Емилија, овој пат  избра да прослави со своето семејство во родното место, заедно со својот сопруг Жорж Башур, кој како и секогаш ја изненади со огромен букет од рози, докажувајќи и уште еднаш, дека  љубовта е најубавото нешто во животот на секој човек.
„Благодарам на Господ за се што имам и најмногу му благодарам на мојот сопруг, кој ме прифати таква каква што сум! За прв пат се чуствувам дека сум себе си, дека сум жена и живеам благодарение на него! Многу е важно кој е до тебе во добро и во лошо. Се сакаме и живееме за нашите деца. Живееме за една чиста љубов, каква што е нашата. Благодарам и на целото наше семејство за се. На сите луѓе со кои работам, пријатели и обожователи за безусловната подршка сите овие години!“ – сподели пејачката на социјалните мрежи.

Целиот тим на #EstradaWorld и посакува многу здравје, среќа и уште поголеми професионални успеси!

Автор - Наташа Секуловска
Фото - Планета ТВ


No comments

Theme images by rajareddychadive. Powered by Blogger.