Турнејата на Тања Боева низ САД се радува на голем интерес
Бугарската пејачка Тања Боева како и секоја година така и оваа е на турнеја
низ САД. Оваа седмица таа е во Лос Анџелес, каде што ќе изнесе свој концерт во Club
Pig 'n Whistle – Hollywood на 9 април.
Неверојатни емоции, во комбинација со неверојатната харизма
на пејачката и нејзините најжешките хитови,
ќе се претворат во незаборавни моменти како за неа, така и за бугарите во Лос Анџелес.
Целата турнеја на Тања Боева ужива завиден интерес од
страна на публиката, а ѕвездата навистина
се потрудила да подготви едно убаво претставување и нова музичка програма, кои не го оставаат рамнодушен никој од присутните.
Крајот на турнејата ќе го постави концертот
во Мајами на 17 април, кога пејачката ќе се прибере во Бугарија и ќе се посвети
на промоцијата на нејзината најнова песна „Виж ме“ низ клубовите.
Автор: Наташа Секуловска
Фото: Таня Боева - Официална страница
No comments